More

    Хрватскиот пејач Јосип Каталениќ е осудена на 4 години и 11 месеци затвор поради искористување деца за порнографија

    spot_img

    Хрватскиот пејач Јосип Каталениќ е осудена на 4 години и 11 месеци затвор поради искористување деца за порнографија. Против пејачот Јосип Каталениќ беше покренато обвинение уште во 2015 година, а тој дури двапати бил уапсен поради нови докази поврзани со детска порнографија.

    Според информациите од Општинскиот суд во Вараждин, против Каталениќ е донесена неправосилна првостепена пресуда за кривичното дело искористување деца за порнографија, на кое има право на жалба. Поради заштита на правата, судењето било затворено за јавноста.

    За најголем дел од кривичните дела обвинетиот е осуден на единствена затворска казна од 4 години и 11 месеци.

    Обвинението против Каталениќ било вратено во 2015 и во 2016 година по истрагата. Тој бил уапсен двапати, првиот пат на 29 април 2015 година, а вториот пат во мај истата година поради нови, дополнително откриени кривични дела поврзани со детска порнографија.

    На Каталениќ му е изречен едномесечен притвор, не само поради опасност од повторување на кривични дела, туку и поради можното влијание врз сведоците.

    По објавувањето на веста за првото апсење на Каталениќ, се појавиле сведоци кои тврделе дека имаат докази за кривичното дело воведување деца во порнографија, па државното обвинителство побарало притвор, што потоа Жупанискиот суд го одредил.

    Пејачот двата пати бил пуштен со кауција, која првиот пат била околу 6.000 евра, а вториот пат наводно околу 100.000 евра, објавија хрватските медиуми.

    Каталениќ бил фатен во поширока операција за откривање на педофилска мрежа во која не е единствениот осомничен.

    Јосип Каталениќ ја започна својата кариера кон крајот на 90-те години. На музичката сцена се обиде да се пробие со уметничкото име Крис Колинс и песната „Fifty shades of love“ во 2013 година. Некои од неговите хитови се „Нека нè прогонуваат“, „Кралица на моето срце“, „Моја малечка“, „Наивен и млад“.

    Пејачот осуден за детска порнографија, своевремено водел и емисии и на локална телевизија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img