Хрватскиот Вечерњи лист објави екслузивна сторија од која произлегува дека Американците, но и Русите, на чело со тогашниот претседател Борис Елцин, ѝ продавале оружје на Хрватска за време на војните во 90-тите години, за да ѝ се спротистави на тогашната југословенска армија, предводена од Србија.
– И покрај ембаргото, 16.000 тони оружје пристигнаа во Хрватска со одобрение на прозападната Русија на Елцин. Оружје пристигна и од Украина, обуката во Република Хрватска за борбени хеликоптери ја спроведуваа Белорусите, а тие и Русите заедно ја обучуваа армијата за ракување со С-300. Тие биле обучувани и од француските легионери, а во акциите загинале и украински пилоти – објавува Вечерњи лист во своето печатено издание.