More

    Хрватски режисер со години вознемирувал млади девојки

    spot_img

    Хрватскиот режисер Далибор Матаниќ со години испраќал непримерни пораки и вознемирувал млади девојки, особено за време на снимањето на неговите филмови, објави „Вечерњи лист“, повикувајќи се на сведоштва од жените кои биле „напаѓани“ од 49-годишниот режисер. Матаниќ им се извини на актерките што ги вознемирувал истакнувајќи дека непримерните дејствија ги правел под дејство на дрога и алкохол.

    По избивањето на скандалот Матаниќ ги изгубил сите работни ангажмани, меѓу кои и голема европска серија и предизборен ангажман за политичка партија.

    – Сите имаме впечаток дека избирал помлади девојки, кои не знаат како да се позиционираат или се плашат да не останат без работа. Ова особено се однесува на младите актерки на кои им претстои кариера, а Матаниќ снима две серии годишно, филмови, спотови, реклами – изјави една актерка за „Вечерњи лист“.

    Друга млада актерка која исто така била бознемкирувана од режисерот со непримерни пораки, вели дека пред повеќе од две години често почнал да ја контактира со пораки, во секое време од денот или ноќта, упорно повикувајќи ја на „тајни бели забави“.

    Матаниќ, кој кон крајот на минатата година јавно се пофали дека престанал да пие алкохол, почнал да вежба и се посветил на здрав живот, се огласи во петокот попладне на својот фејсбук-профил и им се извини на девојките што ги вознемирил. За своето лошо однесување ја обвини злоупотребата на дрога и алкохол, а се пожали и на стресната работа. Хравтскиот режисер откри и дека се пријавил во болница за рехабилитација за да се ослободи од својата зависност која му предизвика сериозни проблеми во животот и во кариерата.

    Актери од блиското опкружување на Матаниќ велат дека се изненадени од сето она што излегло на површина последниве денови.

    – Не ги знаеме деталите. Ние сме изненадени како и остатокот од јавноста. Доколку наводите се вистинити, ние силно ја осудуваме секоја форма на насилство и злоупотреба на моќ, било да е тоа вербално, сексуално, физичко или од каква било природа. Нема исклучоци – велат во заедничката изјава Тихана Лазовиќ и Горан Богдан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img