More

    Хрватската и европска писателка Дубравка Угрешиќ почина во 73 година од животот, во кругот на пријателите и семејството

    spot_img

    Хрватската и европска писателка Дубравка Угрешиќ почина денеска во 73 година од животот, во кругот на пријателите и семејството.

    Дубравка Угрешиќ се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки. Од нејзините рани постмодернистички дела, преку елегичното соочување со распаѓањето на нејзината југословенска татковина и промените после паѓањето на Берлинскиот ѕид, до записите за популарната и книжевната култура, нејзиното дело е обележано со ретка комбинација на иронија, полемичност и сочуствителност.

    Изложена на јавен прогон и медиумско шиканирање, ја напушта Хрватска во 1993 година. Од тие причини секогаш се позиционираше како транснационална и постнационална писателка и се застапуваше за правото на авторите и авторките да не признаваат и да не ги почитуваат етничките и националните граници.

    Нејзини најпознати наслови се: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Форсирање на романот река“, „Култура на лагите“, „Баба Јага снесе јајце“, „Лисица“.

    Во егзил кој со текот на времето стана емиграција, нејзините книги се преведени на бројни јазици. Предаваше на повеќе американски и европски универзитети, вклучувајќи го и Харвард, UCLA, Колумбија и Слободниот универзитет во Берлин. Добитничка е на важни книжевни признанија меѓу кои и НИН-овата награда и Меѓународната награда за книжевност Neustadt.

    Дубравка Угрешиќ живееше и работеше во Амстердам.

    Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура заедно со Мултимедијалниот институт од Загреб, во изминатава година, во пријателска комуникација и соработка со Дубравка Угрешиќ ги подготвија и преведоа нејзините книги: „Штефица Цвег во челустите на животот“, „Тука нема ништо“, „Црвеното училиште“ и „Тука нема ништо“. Наскоро ќе ја отворат и нејзината изложба, нејзиниот интердисциплинарен подвиг во визуелните уметности „Црвеното училиште“.

    Други нејзини дела преведени на македонски јазик се: „Доба на кожата“, „Европа во сепија“, „Лисица“, во изадание на Антолог, „Музеј на безусловното предавање“, „Забрането читање“, „Култура на лагата“, „Баба Јага снесе јајце“, „Министерство на болката“, „Нема никој дома“, во издание на Сигмапрес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img