Хрватска им нуди по 26.500 евра на иселениците да се вратат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Откако хрватската Влада понуди по 26.500 евра (200.000 куни) за секој иселеник што ќе се врати во Хрватска, како дел од пакетот демографски мерки за ревитализација на земјата, РТЛ јави дека за еден месец се пријавило само едно лице.

Иван Мајсториќ од Светскиот младински сојуз и демографот Дамир Стрмота зборуваа на РТЛ за фијаското на владината мерка, нагласувајќи дека на луѓето треба да им се понуди повеќе, отколку пари за нивно враќање.

– Ова е очекувано, сите рекоа дека тоа се мерки кои реално немаат ефект за враќање. Треба (самите) да се запрашаат зошто младите заминаа? Пред сѐ во прашање е егзистенцијата, работата и една уредена држава. Треба да се понуди многу повеќе од некоја (владина) мерка, а луѓето веќе не веруваат во ветувања – изјави Стрмота.

Иван Мајсториќ од Светскиот младински сојуз смета дека „на младите треба да им се нуди повеќе, многу повеќе“. Според него, важно е да се регулира деловната клима за инвестирање, да се подобрат работните услови на пазарот на труд, да се обезбедат подобри работни места и повисоки плати, а тука се и домувањето и усогласување на семејниот и деловниот живот. Мајсториќ смета дека децентрализацијата би помогнала младите да останат во нивните заедници, но за сѐ е потребна политичка волја, време и финансии, како и дијалог.

На прашањето дали планира да ја напушти Хрватска, Мајсториќ одговори дека нема намера, но размислува да мигрира во земјата.

– Веројатно трајно ќе се иселам од Славонија бидејќи таа не може да понуди работа и најчесто луѓето се селат во Загреб и неговата околина, како и на крајбрежјето – изјави Мајсториќ за РТЛ.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply