More

    Хрватот кој го тренираше Федерер се нуди да му помогне

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ има „блокада“ која само треба да ја надмине и кога ќе го направи тоа повторно ќе го видиме во врвна форма, смета поранешниот хрватски тенисер Иван Љубичиќ кој е и поранешен тренер на Роџер Федерер. Првиот светски рекет имаше слаб старт на почетокот од сезоната во која нема освоено ниедна титула, а нема ни финале. Тоа резултираше со прекин на соработката со тренерот Горан Иванишевиќ.

    – Мислам дека во моментов Јаник Синер и Карлос Алкараз се пред сите и ќе останат во следните неколку години. Тие ќе бидат играчите кои ќе треба да се победат – вели Љубичиќ.

    Хрватот се осврна на „зависноста“ на Ѓоковиќ од ривалството со Федерер и со Надал и истакна дека првиот светски рекет може да се ослободи од „блокадата“.

    – Тоа е психички проблем, тој сигурно не заборавил да игра тенис. Несомнено, Ноле мора да има оган во себе, инаку нешто му фали. Ѓоковиќ е навикнат да се бори за секој поен и секој сантиметар. Доколку не ја почувствува таа желба, може да влезе во неволја – истакнува хрватскиот тренер.

    Љубичиќ верува дека Ѓоковиќ ќе се разбуди на време.

    – Убеден сум дека може да се опорави пред неговите претстојни цели, кои се реални за него – Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри во Париз – истакнува Иван Љубичиќ во изјавата за италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

    По прекинот на соработката со Горан Иванишевиќ, Новак Ѓоковиќ продолжи да работи со Ненад Зимоњиќ, но засега сè уште нема информации дали ќе ја официјализираа оваа соработка или тој ќе биде само привремено решение додека не ангажира нов тренер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img