Мирјана Шпољариќ Егер, Хрватка од Швајцарија, го организирала спасувањето на Џудит и Натали Ранан, мајката и ќерката кои биле киднапирани од Хамас во нападот на Израел на 7 октомври.
Шпољариќ Егер, претседателка на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, прво ги угости членовите на семејствата на заложниците во рацете на Хамас во Женева, а потоа тајно организирала спасување на американските граѓани.
Црвениот крст успешно ја спроведе целата операција на спасување и транспорт на заложниците.
– Ослободувањето на мајката и ќерката во Газа е трошка надеж. Среќни сме што членовите на семејството можат повторно да се соберат по две недели агонија. Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да ги олесниме страдањата на цивилите во овој страшен конфликт. Посредувавме како неутрална страна. Нашата улога беше да ги транспортираме од Газа до Израел. Ќе продолжиме да инсистираме на ослободување на сите заложници и на секој можен начин да им помагаме на нив и на нивните семејства. Ги повикуваме и сите завојувани страни да го прекинат конфликтот бидејќи ситуацијата во Газа е очајна. Подготвени сме веднаш да доставиме хуманитарна помош до луѓето. Ве молиме пуштете ги нашите луѓе во Газа – рече Шпољариќ Егер во обраќањето на официјалниот канал на Црвениот крст на Твитер.