Инфлацијата во ноември, мерена преку индексот на потрошувачките цени, во однос на ноември лани, изнесува 2,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според државните статистичари, храната и безалкохолните пијалоци пораснале за 4,8 отсто во текот на минатата година. Новите податоци на Министерството за земјоделство за движењето на цените на млекото и млечните производи во истиот период откриваат дека статистиката понекогаш може да биде измамничка категорија.
На пример, свежото млеко во ноември е поскапо за пет проценти (во споредба со истиот месец лани), павлаката е поскапа за десет проценти во просек, а сирењето гауда е за 15 проценти.
И што да се каже за стандардниот масен путер? Продадениот во блокови од 25 килограми е дури 56 отсто поскап во однос на ланскиот ноември! Цената беше 8,43 евра за килограм (без ДДВ), што е за 11 отсто повеќе од октомври годинава, пренесува Даница.хр.
Цената на 250 грама путер од продавница порасна за 18 отсто: минатиот месец чинеше во просек 9,04 евра (цена на големо за килограм).
Истовремено, путерот во блок од 25 килограми во ноември е поскап за околу девет отсто во однос на просекот во ЕУ. Едамското сирење е десет проценти поскапо во Република Хрватска од просекот на Европската унија.