Начинот на кој го започнуваме денот може да има големо влијание на нашата состојба, како и на нашето расположение во текот на денот.
Познатата нутриционистка Руџита Дивекар вели дека денот никогаш не треба да започне со чај и кафе, пренесува „NDTV“.
Ова може да биде шок за оние кои едноставно не можат без утринска шолја чај или кафе откако ќе станат од кревет, а за некои луѓе овие пијалоци помагаат дури и при редовно празнење на дебелото црево.
Меѓутоа, за многу други, чајот или кафето на празен стомак може да резултира со непријатни киселини, мачнини и дехидрација, предупредуваат експертите.
Според нутриционистот Дивекар, најздрав начин да го започнете денот е да изедете грст бадеми или некои други јаткасти плодови на празен стомак, пренесува N1 Zagreb.
Потоа може да следи чаша млака вода, па дури потоа препорачува шолја чај или кафе.
Но, има и намирници за кои тврди дека освен кафе и чај, не треба да се консумираат на празен стомак, и тоа:
– газирани пијалоци
– зачинета храна
– ладни пијалоци
– суров зеленчук
– агруми
Сега кога имате листа на непожелни намирници кои треба да ги консумирате на празен стомак, време е да размислите со што ќе го започнете денот.