More

    Храмот „Нов Херсонес“ е симбол за руската победа, изјави Путин

    spot_img

    Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека јакнењето на рускиот идентитет е основата на иднината на Русија.

    Во интервју за документарниот филм „Нов Херсонес“, зборувајќи за изградбата на музејско-храмскиот комплекс „Нов Херосонес“ во областа Севастопол, тој рече дека целта на проектот е да привлече што поголем број Руси и посетители од странство за да можат да се запознаат со историјата на Русија.Можеби ќе ве интересира

    – Кога ќе се соочат со настаните што се опишани таму, ќе сфатат кои сме ние, од каде дојдовме и како е обликувана нашата државност бидејќи стекнувањето и јакнењето на идентитетот е основата на иднината на земјата – рече Путин.

    Тој додаде дека би сакал да го види „Нов Херсонес“ како симбол на просперитетот и победата на Русија.

    Путин постојано нагласува дека Херсонес Тавријски е еден од најважните извори на руската духовност, додавајќи дека „таму сè се испреплетува: и духовните принципи и државните принципи и историската и културната традиција“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img