More

    Храбро барање од славната руска пејачка Ала Пугачева

    spot_img

    Познатата руска пејачка Ала Пугачева во објава на социјалната мрежа Инстаграм побара да биде ставена на листата на „странски агенти“ еден ден откако нејзиниот сопруг, ТВ водител беше назначен како таков од властите во Москва.

    „Ве молам да ме вклучите во групата странски агенти на мојата сакана земја во знак на солидарност со мојот сопруг, чесна, пристојна и искрена личност, вистински и нераспадлив патриот на Русија“, напиша Пугачева на нејзиниот официјален профил.

    Нејзиниот сопруг, Максим Галкин, комичар и телевизиски водител на 17 септември беше додаден на списокот на руското Министерството за правда како лице кое дејствува како „странски агент“, поради наводно водење политички активности во име на Киев и примање средства од Украина.

    По руската инвазија врз Украина на 24 февруари, Москва усвои закон со кој се криминализира ширењето на „лажни“ информации што ги „дискредитираат вооружените сили“.

    Пугачева го опиша сопругот Галкин, кој ја критикуваше одлуката на Русија да ја нападне Украина, како „вистински и нераспадлив патриот“ кој посакува „крај на смртта на нашите момци за илузорни цели“.

    Пугачева, која е добро позната од седумдесеттите години, останува популарна низ целиот поранешен Советски Сојуз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img