More

    Хотелските камери го снимиле падот на Лиам Пејн

    spot_img

    Поминаа 12 дена откако светот го погоди веста дека популарниот пејач Лиам Пејн (31), најпознат по кариерата во познатиот бенд „Уан дирекшн“ почина во текот на одморот во Аргентина. Многубројни сè уште се во шок, не можат да се помират со ненадејната смрт на саканиот музичар и цело време копнеат по одговори – што точно се случи таа кобна ноќ? Засега официјалните информации се дека поради силното дејство на наркотици тој бил несвесен кога паднал од балконот, а позната новинарка тврди дека камерите го снимиле неговиот пад.

    Моментот кога Лиам Пејн паднал од терасата на третиот кат на хотел во Буенос Аирес, наводно бил снимен на безбедносните камери, изјавила аргентинската новинарка Пола Варела во популарната аргентинска ТВ емисија „Socios del Espectaculo“, но додала и дека властите оваа вознемирувачка снимка ја чуваат во тајност.

    „Постои снимка која не е објавена во медиумите, а каде што можеме да видиме дека Лиам се онесвестил и поради местото на кое бил во тој момент паднал од тој балкон. Доколку бил покрај својот кревет, ќе паднел на креветот“, рекла новинарката и додала дека снимките од камерите може да обезбедат клучни докази за тоа што точно се случило таа кобна ноќ.

    Пола Варела тврди дека пејачот не скокнал намерно од балконот, како и дека тоа јасно се гледа на споменатата снимка која наводно полицијата ја чува во тајност.

    „Оваа снимка е во официјалните записи на случајот“, рекла таа, пренесува „Мирор“.

    Пола понатаму раскажала и дека ноќниот работник во хотелот „КасаСур Палермо“, кој воспоставил близок однос со починатиот пејач, е во фокусот на истрагата која се обидува да утврди кој го снабдувал пејачот со опојни супстанции, за кои постои сомневање дека придонеле за трагичниот развој на настаните.

    „Младиот човек, кого полицијата го испрашува, работел ноќна смена во хотелот и воспоставил одлични односи со Лиам. Ја прекршил наредбата на управата на хотелот да не внесува ништо во собата на Лиам. Поради добриот однос со пејачот, тој му направил услуга, што била огромна грешка бидејќи сега истражуваат што се превезувало во возилото што тој го резервирал за пејачот. Ова е една од работите кои инспекторите во моментот ја истражуваат и очигледно е дека вработениот во хотелот е суспендиран“, открила таа.

    Во официјалниот токсиколошки извештај, врз основа на положбата во која е пронајдено телото, било наведено дека Лиам Пејн не зазел рефлексна поза за да се заштити и дека сè се случило во состојба на полу или целосна несвест, а во телото се пронајдени траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и розов кокаин, кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА, пишува „Дејли мејл“.

    Полицијата трага по дилерите кои го снабдувале Лиам Пејн со наркотици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img