Хоспитализирана е мајката на убиениот Александар од Сенокос

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Маријана Димова, мајката на убиеното 14-годишно момче Александар од Сенокос, Прилеп, веќе четири дена е хоспитализирана во прилепската болница, откако по траумата која ја доживеа, здравјето нагло ѝ се влошило.

Таа во разговор за Фокус вели дека не може да се помири со загубата на синот и дека психички сосема паднала.

– Животот на сите дома ни се уништи од корен. Немав повеќе сили да издржам, потклекнав и завршив во болница во саботата. Дома остана сопругот со трите малолетни деца, не знаеме како ќе продолжиме напред. Јас бев единствената од семејството која оди на работа, вработена сум во фабрика во близина на Прилеп, и немам сили да се вратам на работа по она кое ни се случи. Се задолживме за да го погребаме Александар, дојдовме до ситуација да молиме за донации за да ги вратиме долговите, но и за да му подигнеме надгробна плоча каква што заслужува. Сето ова е како еден лош сон од кој не можеме да се разбудиме – вели Маријана.

Инаку, осомничениот 16-годишник веќе е во 30-дневен притвор определен од судија за деца, а по барање на прилепското Јавно обвинителство.

Тој се сомничи дека со 10 убоди од нож го усмртил 14-годишниот Александар Димов во центарот на Прилеп на 29 февруари околу 19.30 часот.

Share This Article