Седумчлено семејство со пет деца загина во пожар во куќа во руската република Башкирија, јавуваат руските агенции.
Пожарот зафатил дрвена двокатна зграда во која имало повеќе станови, соопштија од итните служби, пренесува Интерфакс.
Од пожарот се спасени две деца. Таткото успеал да ги спаси, а потоа се обидел да ги спаси и останатите деца, но не можел да излезе од запалената куќа и починал.
При гаснењето на пожарот пронајдено е и тело на жена, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни состојби во Башкирија.
Според првичните податоци, причина за пожарот може да биде краток спој или невнимателно ракување со пожарот.
Башкирија се наоѓа во југоисточниот дел на европскиот дел на Русија.