Во масакрот што се случи на околу стотина километри од границата меѓу САД и Мексико, загинаа десет лица, а уште девет се ранети. Страшниот напад се случил нешто по два попладне во саботата во Сан Висенте, недалеку од градот Енсенада.
Пукањето се случило во текот на последниот ден од дводневниот рели теренски возила, а според локалните медиуми, за него е одговорен локалниот нарко картел. Неколку напаѓачи излегоа од најмалку две сиви комбиња вооружени со пушки и отворија оган врз насобраните учесници на митингот на бензинската пумпа.
Откако биле испукани истрелите, напаѓачите повторно скокнале во возилата и побегнале од местото.
Градоначалникот на Енсенада најави дека државниот обвинител ангажирал специјална работна група за да го истражи овој страшен случај.
Предупредуваме дека видео клиповите што се појавија на социјалните мрежи може да бидат вознемирувачки за некои луѓе.