Полицијата во Германија, во западниот регион на Северна Рајна Вестфалија, пронашла тело на 35-годишна жена која била пријавена за исчезната на 21 декември минатата година.
Полицијата и Државното обвинителство во Минстер соопштија дека нејзиното тело било пронајдено вчера завиткано во најлонска кеса во близина на границата со Холандија, пишува „Дојч Веле“.
Обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта.
Властите соопштија дека сопругот на жената, 42-годишен авганистански државјанин, е уапсен под сомнение дека бил вмешан во убиството. Официјални лица рекоа дека жртвата е исто така од Авганистан.
Кога 35-годишната жена била пријавена за исчезната, полицијата побарала помош од јавноста во потрагата. Објавени се фотографии од жената и фотографии од нејзиниот автомобил.
Податоците од мобилниот телефон на несреќната жена дале клучна насока во потрагата, што ги довело властите до шумска област во близина на градот Гешер. Таму е пронајдено нејзиното тело, пишува Дојче веле.
Истиот мобилен телефон со кој беше пронајдена несреќната жена ќе ја открие и вистина за убиството, бидејќи има индиции дека уапсениот сопруг не дејствувал сам.