Шон Пен (64) страсно се бакнувал со 40 години помладата молдавска актерка Валерија Ников на улиците на Мадрид, Шпанија.
Тие уживале во ноќното излегување, а потоа се упатиле кон хотелот. Папараците ја „уловиле“ Валерија со Шон Пен неколку месеци откако беше видена со Хантер Бајден, проблематичниот син на Џо Бајден.
Досега има остварено улоги во филмовите „Tenor“, „Paris Pigalle“ и „Lineman Up: Storm Soldiers 3“, кои не се толку запазени.
Шон минатата година ја прекина врската со актерката Натали Кели. Од 2020 до 2022 година, тој беше во брак со актерката Лејла Џорџ.
Со поранешната сопруга Робин Рајт има две деца – ќерката Дилан и синот Хопер. Во доцните 1980-ти, Пен беше во брак со Мадона. Тој неодамна во интервју за „Њујорк тајмс“ изјави:
„Јас сум едноставно слободен. Ако сум во врска, и понатаму ќе бидам слободен или нема да бидам во врска и нема да бидам повреден. Не верувам дека љубовта повторно ќе ми го скрши срцето“.
Тој исто така рече дека избегнува драма во врските и дека колешките од филмската индустрија му покажале дека врските не мора да бидат драматични или исцрпувачки.