Денеска пред Палатата на Србија во Белград се одржува голема воена парада „Силата на единството 2025“ со   учество на  повеќе од 10.000 припадници на српските вооружени сили, 2.500 оружја и воена опрема, 70 различни авиони, 600 борбени возила и околу 20 пловила

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денеска пред Палатата на Србија во Белград се одржува голема воена парада „Силата на единството 2025“ со   учество на  повеќе од 10.000 припадници на српските вооружени сили, 2.500 оружја и воена опрема, 70 различни авиони, 600 борбени возила и околу 20 пловила.

На парадата присуствуваат голем број високи гости од светот, а ја поздрави  претседателот и врховен командант на српските вооружени сили, Александар Вучиќ.

Парадата почна со почесен артилериски оган од страна на припадници на Гардата од шест топови со десет плотуни и презентација на знамето на Србија, долго 300 метри и тешко 300 килограми, кое го носеа кадетите на Воената академија и учениците од Воената гимназија и Средното воено стручно училиште.

Во рамките на големата воена парада „Силата на единството“, се одржа парада на ешалонски единици од сите родови и служби на Вооружените сили на Србија.

За прв пат, коњаничката единица на Гардата беше во свечена облека.

Како што јавуваат српските медиуми, истовремено со парадата  се одржува и студентскиот протест. Студентите пред почетокот на парадата се обидоа да дојдат до местото на парадата каде што како што изјавија сакаат да им дадат поддршка на оние „ кои се на правата линија на одбраната“, но полицијата не им дозволи да стигнат до Палатата на Србија.

Вучиќ по парадата објави фотографии со коментар: „ава е нашата сила. Моќта на единството! Да живее српската армија! Да живее Србија“.

Share This Article