Холивудскиот актер Мет Лебланк е снимен како излегува од продавница во Лос Анџелес.
Ѕвездата на серијата „Пријатели“ неодамна се пофали како станал шеф на компанија задолжена за егзотични автомобили. И покрај оваа функција и десетиците милиони што ги заработи од „Пријатели“, тој сепак самиот се грижи за набавка на намирници, а беше снимен пред локална самопослуга како изнесува ќеси со производи.
Меѓутоа, во споредба со неговите поранешни денови како Џои Трибиани во култната серија „Пријатели“, Мет Лебланк сега изгледа запуштено, поради што многу обожаватели и колеги се загрижени за него.
Некогаш виткиот Лебланк денес тешко се препознава под брадата и тренирките, а една од причините е смртта на неговиот пријател и колега Метју Пери, кој почина во 2023 година.
Последната актерска работа актерот ја имаше во 2020 година, кога заврши снимањето на ситкомот „Човек со план“.