Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо (49) на својот Инстаграм сподели видео од Хрватска.
Тема на видеото се загрозените перки кои се пронајдени во Јадранското Море.
„Научниците открија млада група на загрозени џиновски школки на брегот на Хрватска во Јадранското Море. Популацијата на благородната школка, која може да порасне и до 120 сантиметри, опаѓа откако смртоносен патоген го погоди видот во 2016 година. Истражувачите се надеваат дека ќе ги вратат школките кои играат важна улога во одржувањето на здрави подводни екосистеми“, пишува во објавата која Дикаприо ја презема од „Washington Post climate coveragea“ и повторно ја сподели.
На една снимка е означено дека е направена во Врсар. Видеото за помалку од 24 часа по објавувањето собра 2,1 милион прегледи, а Хрватите му се јавија во коментарите.
„Во Хрватска се вика Периска, луѓето од Аквариум Пула многу напорно работат на враќање на овој вид во Јадранот, како во Средоземното Море. Лео, навистина забележуваш одлични работи за екосистемот“, гласи еден од одушевените коментари.
„Мојата убава Хрватска, одлична вест“, гласи еден коментар.
„Ви благодариме од Хрватска, треба повеќе да го штитиме нашето море, особено од масовниот туризам“, напишала следбеница.