Холивудскиот актер и режисер открил мрачни тајни од својот живот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
- Advertisement -
Ad image

Холивудскиот актер и режисер открил мрачни тајни од својот живот.

„Бев толку изгубен и бев зависен од кокаин. Ја пресеков Ахиловата тетива веднаш откако дадов, односно откако доби отказ од серијата „Alias“, открил Бредли Купер (47) во подкастот Smartless. Тој рекол дека имал проблем со недостиг на самодоверба.

– Имав среќа што тоа се случи кога имав 29 години. Мислев дека успеав кога ја добив рекламата за „Wendy’s“. Но, јас дефинитивно не го чувствував тоа. Преселувајќи се во Лос Анџелес за серијата „Alias“, се чувствував како да сум се вратил во средно училиште: не можев да влезам во ниту еден клуб, ниту една девојка не сакаше да ме погледне. Бев тотално депресивен – признал актерот.

Открил дека неговата зависност од алкохол и дрога започнала пред да стекне светска слава со филмот „Мамурлак“.

– Така беше сѐ до „Мамурлак“. Имав 36 години кога снимив „Ммурлак“, па морав да поминам низ сите овие работи пред славата да влезе во мојот живот на секојдневна основа. Значи, сето тоа се случи пред сето тоа – рекол тој.

Бредли признал и дека во 2004 година Вил Арнет дошол во неговиот дом да види дали е добро. Се загрижил кога видел дека Бредли не ги прошетал своите кучиња.

– Тогаш првпат сфатив дека имам проблем со дрогата и алкохолот. Тоа ми го кажа Вил, никогаш нема да го заборавам тоа. Тоа ми го промени животот, дефинитивно направив големи чекори од 29-тата до 34-тата година од животот, кога барем можев да стојам пред некого и да дишам, да слушам и да зборувам – додал славниот актер.

„Мамурлак“ излезе во 2009 година, а Бредли рекол дека половина деценија порано сфатил дека е на пат кон уништување.

„Вил е причината, тој го презеде ризикот од тешкиот разговор со мене во јули 2004 година, поради него решив да го променам мојот живот“, додал тој.

- Advertisement -
Ad image

Бредли Купер денес е еден од најбараните актери во Холивуд.

Share This Article