Холивуд збунет: Како „мал“ филм со заработка од 27.000 се најде во трка за Оскар
долари. Сепак, Андреа Рајзборо, која ја игра главната улога во таа продукција, беше номинирана за Оскар во категоријата најдобра актерка.
По тие номинации, некои познати луѓе се огласија на социјалните мрежи прашувајќи дали филмот има ефективна кампања или е измама.
Американскиот магазин Вараџети објави дека Академијата е преплавена со мејлови и повици и дека поради тоа одлучила да ја преиспита кампањата на филмови номинирани за Оскар, без директно да ја спомене продукцијата на „До Лесли“.
„Ги прегледуваме процедурите на кампањата на овогодинешните номинирани филмови, со цел да се осигураме дека не е прекршено ниту едно правило и подобро да разбереме дали се неопходни промени во упатствата во новата ера на социјалните медиуми и дигиталната комуникација“, се вели во соопштението на Академијата.
Оскарите ги доделуваат приближно 9.500 членови на Академијата за филмски уметности и науки, поделени меѓу 17 гранки на индустријата. Од група од околу 1.300 гласачи, на кандидатот му требаат нешто повеќе од 200 гласови за да го види своето име на гласачкото ливче.
Во месеците пред доделувањето на Оскарите, беа организирани забави и настани за промовирање на филмовите. Вакви кампањи често организираат специјализирани компании.