Холандскиот суд и нареди на владата да ја запре испораката на делови за авиони Ф-35 на Израел

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холандскиот суд и нареди на владата да престане да испорачува делови за борбените авиони Ф-35 што ги користеше Израел при бомбардирањето на Појасот Газа, пренесува Ал Џезира.

Наредбата уследи по жалбата на групите за човекови права против пресудата на понискиот суд со која се отфрла нивниот аргумент дека испораката на делови придонела за кршење на меѓународното право.

Минатата година, организациите за човекови права во Холандија ја обвинија владата за соучесништво во, како што рекоа, воените злосторства извршени од Израел за време на војната во Газа, поради извозот на делови за борбени авиони Ф-35.

Амнести интернешенел и Оксфам во Холандија тврдат дека пратките „придонеле за широко распространето и сериозно кршење на хуманитарното право од страна на Израел во Газа“.

Во декември, судот го отфрли случајот и рече дека на владата мора да и се даде голема слобода кога решава прашања за политиката за извозот на оружје.

Меѓутоа, апелациониот суд денеска и нареди на владата да го блокира целиот извоз на делови за борбени авиони Ф-35 во Израел во рок од седум дена.

„Неоспорно е дека постои јасен ризик извезените делови од Ф-35 да се користат во сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, рече судот.

Израел постојано ги негираше обвинувањата дека извршил воени злосторства за време на својата воена операција во Газа. Меѓутоа, Меѓународниот суд на правдата во јануари го повика Израел да се воздржи од какви било активности во енклавата што би можеле да претставуваат геноцид.

Министерството за здравство во Појасот Газа, под контрола на Хамас, соопшти денеска дека најмалку 28.340 луѓе се убиени на опколената територија за време на војната.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article