Холандскиот премиер жали за трговијата со робови од 19 век

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холандскиот премиер, Марк Руте, денеска се извини во име на неговата влада за историската улога на Холандија во ропството и трговијата со робови, независно повиците за одложување на долгоочекуваната изјава.

– Денеска се извинувам во име на холандската Влада за постапките на холандската држава во минатото – рече Руте во говор за ропството во Националниот архив во Хаг.

Говорот беше поздравен со молчење од поканетата публика.

Руте сепак се извини денеска, иако некои активистички групи го повикаа да почека до 1 јули следната година, годишнината од укинувањето на ропството во земјата. Некои дури минатата недела излегоа на суд во неуспешен обид да го одложат неговиот говор.

– Знаеме дека нема добро време за сè, нема соодветни зборови за сè, нема вистинско место за сè – рече Руте.

Тој рече дека Владата ќе формира инцијативен фонд за да помогне во справувањето со наследството на ропството во Холандија и нејзините поранешни колонии.

Холандија некогаш беше трета по големина колонијална сила во светот и поробуваше околу 500 илјади луѓе во текот на 200 години. Тие главно биле киднапирани од Западна Африка, продадени и принудени да работат на плантажите во Суринам и на Антилите.

Холандското кралство беше една од последните земји во Европа што официјално го укина ропството на 1 јули 1863 година.

Активистите веруваат дека дури наредната година е всушност 150-годишнината од укинувањето на ропството, бидејќи многу заробеници биле принудени да продолжат да работат на плантажите и една деценија по укинувањето на ропството.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article