Европскиот шампион и победник во Лигата на нации на УЕФА, Шпанија ќе игра против Холандија во четвртфиналето на најмладото натпреварување на УЕФА како гостин на 20 март, а потоа како домаќин во реваншот на 23 март 2025 година.
Второто дерби ќе го играат Италија и Германија, Хрватска повторно ќе ги вкрсти копјата со Франција, додека Данска за ривал ја има Португалија.
Победниците ќе се квалификуваат за завршниот турнир кој ќе се одржи од 4 до 8 јуни 2025 година, а домаќинот ќе биде одреден по четвртфиналните натпревари кога ќе бидат познати сите учесници.
Она што се знае се потенцијалните полуфинални двојки: Италија/Германија – Данска/Португалија или Холандија/Шпанија – Хрватска/Франција.
Лига на нации на УЕФА:
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Холандија – Шпанија
Хрватска – Франција
Данска – Португалија
Италија – Германија
Првите натпревари ќе се играат на 20 март, а реваншите на 23 март 2025 г.
ПОЛУФИНАЛЕ
Италија/Германија – Данска/Португалија
Холандија/Шпанија – Хрватска/Франција
Натпреварите ќе се играат на 4 јуни 2025 година.