ХИПИ СЕКТА ИЗВЕДУВА РИТУАЛИ СО ПАЛЕЊЕ ОГАН

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неколку стотини лица, главно странци од повеќе држави, веќе неколку дена кампираат покрај Мавровското езеро во близина на село Леуново, палејќи логорски огнови и изведувајќи свои ритуали. Групацијата позната како Rainbow Gatherings, традиционално изведува повеќедневни собири на разни локации низ светот, пропагирајќи ги идеалите на некогашното хипи-движење во модерни услови, при што се кампува на отворено, во природа, а луѓето се собираат околу огнови, приготвуваат храна и се дружат, објави телевизија Телма.

Локалното население реагира дека, во ек на сезона на опасност од шумски пожари полицијата и надлежните од Национален Парк Маврово го толерираат овој собир и палењето огнови и тоа на приватен имот на граѓани, кои за тоа не дале согласност.

– Овие лица ја запоседнаа локацијата Црн Камен крај село Леуново, и сместени се на ливада која е во моја сопственост, и тоа со знаење и одобрение од Национален парк Маврово – вели Владо Лазаревски, кој е и претседател на месната заедница во селото.

Од СВР Тетово за Телма информираат дека се работи за пријавен собир на луѓе од странство, за кој тие се информирани, а дозволата за користење на локацијата ја издал Национален парк Маврово, како и тоа дека се работело за државно земјиште. Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, локацијата била избрана поради лесната пристапност, во случај на некаков инцидент или пожар.

Share This Article