Хилари Свонк открила дека ќе стане мајкa на близнаци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Славната актерка Хилари Свонк (48) открила во вчерашното гостување во емисијата „Добро утро Америка“ дека ќе стане мајка и тоа на близнаци.

„Ова е нешто што долго го чекав, следното нешто што ќе ми се случи е тоа дека ќе станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци“, рекла Хилари Свонк и додала дека е пресреќна поради тоа, пренесува „Пејџ сикс“.

Актерката не открила дали ќе има деца со помош на сурогат-мајка или и самата е во бремена, а со години зборува дека посакува да стане мајка. Многупати истакнуваше дека сака деца и дека мајчинството за неа е многу важно.

Во брак со Филип Шнајдер од 2018 година, а зад неа е бракот со Чад Лоу, со кого се омажи во 1997 година, а се разведе во 2007 година.

Меѓу нејзините први улоги се издвојува една во серијата „Беверли Хилс“ од 1997 година, во која ја играше самохраната мајка Карли Рејнолдс.

Таа е двократна оскаровка, престижната награда ѝ ја донесоа главните улоги во филмовите „Девојка од милион долари“ и „Момчињата не плачат“ во 2004 и во 1999 година. За овие актерски достигнувања ѝ беше доделен и Златен глобус. Таа е третата најмлада оскаровка во историјата.

„Не знам што направив за да го заслужам ова. Јас сум само девојка од камп приколка која имала сон“, изјави актерката по добивањето на втората награда Оскар.

Share This Article