На морето во Херцег Нови денеска ќе се изврши најобемна акција за пребарување на тринаесетгодишно момче кое минатата недела беше повлечено во морето од бран, изјави помошник директорот на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа. Жарко Лукшиќ.
Лукшиќ рече дека морето е мирно и дека во потрагата ќе учествуваат 20 пловни објекти, а се очекуваат околу 100 спасувачи со копнени сили, како и пристигнување на хеликоптер.
Тој додаде дека хеликоптерот се очекува да пристигне во утринските часови, јавуваат црногорските медиуми.
Тринаесетгодишно момче од Херцег Нови исчезнало во вторникот на 17 јануари околу 22 часот од шеталиштето „Пет Даница“ во Херцег Нови кога бран го повлекол во морето.