Бебето беше на подот во локва крв. Глетката беше страшна… Деветмесечното девојче сега е со мене и е безбедно… Ова го изјави Емир Џиновиќ од Градачац во Босна и Херцеговина, каде во петокот беше извршено страшно злосторство.
Нермин Сулејмановиќ (35) во петокот ја уби сопругата Низама Хеќимовиќ, а потоа уште две лица и рани уште тројца. Неговото злосторство е уште побрутално бидејќи ја застрелал сопругата пред нивното бебе, а злосторството го снимил и во живо го пренесувал на Инстаграм!
По крвавиот пир, бебето го спасил локалниот жител Емир Џиновиќ, сопственик на теретаната во која тројниот убиец работел како инструктор. Излегол на местото на злосторството и го спасил деветмесечното бебе кое лежело во локва крв.
Џиновиќ опишал што нашол кога го нашол бебето.
– Беше спуштена на подот во локва крв. Ја претепал својата несреќна сопруга и таа била непрепознатлива. Се знаеме долго време, тој работеше за мене, никогаш немаше никакви проблеми. Не знам како се случи ова – изјави Џиновиќ.
Детето останало во локва крв на подот откако Сулејмановиќ ја убил Низама. За време на директен пренос на социјалните мрежи, избезумениот Сулејмановиќ рече „некој да дојде да го земе детето“. Меѓутоа, Емир сега добива заканувачки пораки на социјалните мрежи затоа што го спасил детето од местото на злосторството.
– Од вечерва за тебе е отворен лов. Само да знаеш- му напишал помлад човек и му испратил слика од пиштол.
Џиновиќ објави и скриншот од порака на која се гледа дека за време на грозоморното емитување на социјалните мрежи го молел откачениот Сулејмановиќ да престане.
– Немојте да ме осудувате. Има полиција, ако сум направил нешто нека ме судат. Ниту сум поддржал ниту една форма на насилство, ниту ќе поддржам. Ја сакав и ја почитував Низама како член на семејството. Го молев и го молев да не го прави тоа. Покрај своите две деца отидов да го спасам тоа дете и фала богу успеав. Ги молам сите мои пријатели, ако сум направил некаква штета, се извинувам – напишал Емир.