Хелсиншки реагира на случајот со новинарката Делевска

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хелсиншкиот комитет за човекови права излезе со своја реакција во која го осудува односот на полицијата кон новинарката Соња К. Делевска од порталот СДК.МК која поради објавен текст беше повикана на разговор по дојава од службеничка од Министерството за правда. Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:

„Почитувани,

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро го осудува притисокот врз новинарката Соња К. Делевска со повикување на „службен разговор во врска со поплака“ во полициска станица во Скопје, заради објавен текст на порталот СДК.МК.  Во текстот, каде е пренесена изјава на адвокатка, која обвинува за побаран поткуп во Министерството за правда, се препознала државна службеничка од министерството. Иако службеничката не била експлицитно именувана во текстот, таа поднела пријава против Делевска, поради тоа што почувствувала вознемиреност по нејзиното здравје и по угледот.

Повикувањето новинар на разговор во полициска станица од страна на вооружени полицајци, а за прашање кое не е кривично дело, туку се процесира во граѓанска постапка за евентуално утврдување на граѓанска одговорност за навреда и клевета, се коси со уставните начела што го гарантираат слободниот пристап до информациите, слободата на примање и пренесување на информации. Комитетот, исто така, смета дека е проблематично тоа што полицијата потклекнала пред барањето на пријавителката, која инсистирала новинарката Делевска да биде повикана во полициска станица.

Со оглед дека пријавителката е државен службеник, а случајот за кој известува Делевска е во насока на разоткривање коруптивни активности во министерството, постапувањето на полицијата кон новинарката Делевска, покрај тоа што ги загрозува новинарските слободи и уставно загарантирани права, може да се смета и за директен притисок врз нејзината работа од страна на институциите.

Поради сето ова, Хелсиншкиот комитет бара од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи да ја истражи основаноста на постапувањето на полициските службеници во овој случај и да ја извести јавноста за исходот.

Хелсиншкиот комитет потенцира дека на ниту еден начин не смее да се загрозува почитувањето на слободата на изразување и пристапот на информации гарантирани во Европската конвенција за човекови права и во Уставот, како највисок правен акт во државата.

Со почит,

Хелсиншки комитет за човекови права

- Advertisement -
Ad image
Share This Article