Харисон Форд компјутерски подмладен, изгледа малку морничаво

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во воведната сцена на петтото продолжение на франшизата „Индијана Џонс“, сместена во 1944 година, главниот јунак ќе се појави компјутеризирано подмладен, а од резултатот е изненаден и самиот Харисон Форд.

„Ова е првпат да видам вакво нешто и да верувам во тоа што го гледам. Малку е страшно. Мислам дека дури и не сакам да знам како функционира, но функционира”, коментирал Харисон Форд при соочувањето лице в лице со своето помладо јас.

За подмладување на главниот лик биле користени неколку техники, вклучително софтвер кој свежо снимениот материјал го доработил врз основа на архивските снимки на младиот Харисон Форд.

„Се надевам дека само ќе го погледнете и ќе кажете: ‘О мој Боже, штотуку пронајдоа стара снимка, ова е нешто што го снимиле пред 40 години’“, вели продуцентката Кетлин Кенеди.

Режисерот Џејмс Манголд сакал во петтото продолжение од филмот да ја задржи истата енергија како и неговите претходници Стивен Спилберг и Џорџ Лукас.

„Сакав на публиката да ѝ овозможам експлозија од адреналин“, порачал Манголд.

Поради тоа филмот ќе започне во 1944 година, во замок полн со нацисти, а пред херојот да се најде во сегашноста, тој ќе сврати и до 1969 година, во време кога Американците очајно сакаат да ги престигнат Русите во трката до Месечината.

„На овој начин публиката ќе го доживее авантуристичкиот дух на тие рани денови“, објаснил режисерот.
„Филмот е полн со авантури, полн со смеа, полн со вистински емоции“, заклучил Харисон Форд.

Share This Article