Пејачот Харис Џиновиќ се огласи за српски „Телеграф“ по повод веста дека Мелина Џиновиќ и Тони Бијелиќ, сè уште законскиот сопруг на Драгана Мирковиќ, се истовремено во Монако, што многумина ја коментираат со зборовите дека „не е случајност“.
Мелина, како што наведуваат српските медиуми, пред неколку дена отпатувала за Монако, а денеска Тони објави фотографија од истото место.
Екипата на „Телеграф“ во оваа прилика го контактирала познатиот пејач Харис, кој имал краток и не баш пријатен коментар во врска со споменатата ситуација.
– Ве молам, оставете ме на мир, апсолутно не ме интересира оваа тема! Навистина не ми е гајле – рекол Харис, кој изгледа решил помалку да зборува за својата поранешна сопруга во јавноста.
Да потсетиме, Мелина Џиновиќ неодамна се разведе од пејачот Харис Џиновиќ, со кој има две деца – ќерката Џина и синот Кан.
Таа никогаш не се огласила во врска разводот, а единствена реакција позната на јавноста е нејзиното упад во семејната вила, поради што и таа и Харис завршиле во полиција, за да дадат изјави во својство на граѓани.
Мелина сега реши да патува и да си ги расчисти мислите, а својот мир, макар и на кратко, реши да го најде во Монако, каде што пристигна минатата недела.
Сепак, она што го привлече вниманието на сите е тоа што Тони Бијелиќ е и во Монако во исто време со поранешната сопруга на Харис.
Бијелиќ, која моментално е во процес на развод од пејачката Драгана Мирковиќ, денеска на 17 април објави фотографија од Монте Карло.