Принцот Харли во своите мемоари кои наскоро треба да ги издаде напишал дека ја изгубил невиносто се една „прекрасна постара госпоѓа на село“ кога бил тинејџер, пишува Дејли Мејл. Се шпекулираше дека тоа можеби е актерката Елизабет Харли, но таа ги демантираше гласините, пишува Инсајдер.
– Не сум јас. Не сум јас виновна. Не, не јас. Апсолутно не – изјави Харли за медиумите.
Инаку, автобиографијата на принцот Хари наречена „Spare“ треба да излезе на 10 јануари следната година. Луѓе блиски до семејството веруваат дека на кралското семејство нема да им биде лесно за празниците бидејќи деталите од неговата биографија продолжуваат да протекуваат пред објавувањето на книгата.
Истите луѓе зборуваат дека Хари во книгата пишувал и за некои други непознати и шокантни детали за кралското семејство, кои не се откриени во документарецот „Хари и Меган“.
Издавачката куќа која стои зад книгата вели дека принцот ја раскажува својата приказна со „сурова, непоколеблива искреност“ и дека таа е полна со „увиди, откритија, самоиспитување и тешко стекната мудрост за вечната моќ на љубовта над тагата“.