Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај оцени дека премиерот Аљбин Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово.
Харадинај рече дека Курти изградил замок од хартија, кој, според него, ќе падне како што е изграден.
„Аљбин Курти направи замок од хартија! Последователните скандали на министрите и најблиските соработници на Аљбин Курти, курсот на наводно „силниот политичар“ Аљбин и неговото отфрлање на се што кажал и ветил во животот, го прават најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово. Се што направи Албин Курти во својот политички живот е – изгради замок од хартија, кој ќе падне на ист начин како што е изграден“, напиша Харадинај на Фејсбук, а пренесува Косев.