Хаос во албанскиот Парламент, обезбедувањето со полни раце работа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денешната пленарна седница во албанскиот Парламент помина во услови на тензии и хаос создаден од опозициските приврзаници на поранешниот албански премиер Сали Бериша.

Пратениците од крилото „Обнова на ДП“, како и изминатите три месеци, повторно ја блокираа собраниската говорница свирејќи со свирчиња. Нивните транспаренти „Убијци на плурализмот“, „Убијци на демократијата“ ја покажуваат нивната потреба за демократски процес.

Сепак, денеска, тие ги изоставија димните бомби кои редовно ги пуштаа претходно, па може да се каже дека во политичкиот компас отишле неколку чекори поблиску до демократијата.

Под силниот звук на свирежите, претседателката на Собранието Линдита Никола директно отиде на гласање на точките од дневниот ред, а на седницата присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама.

Пратеничката на Демократската партија, Албана Вокши, се обиде да тргне кон премиерот Рама со плакат во рацете, на кој пишуваше „Убиец на демократијата“, па обезбедувањето мораше да интервенира.

Седницата беше затворена во рок од 12 минути по изгласувањето на предлог-законите од страна на владејачкото мнозинство.

По седницата, пратеникот на ДП, Ервин Салијањи, истакна дека опозицијата немало да се повлече од своето дејствување, туку ќе го диверзифицира.

Опозициската ДП има 55 пратеници, од кои 47 се од „Обнова на ДП“ побројното крило предводено од Сали Бериша, додека остантите 8 се со Љуљзим Баша, кој во судот фигурира како лидер на партијата.

Share This Article