Пред реваншот од полуфиналето на Купот на шпанскиот крал меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид дојде до конфликт меѓу навивачите, а навивачки немири беа забележани и во Лисабон пред полуфиналето на Купот на Португалија меѓу Спортинг и Бенфика.
Според шпанските медиуми, околу 60 навивачи на Атлетик нападнале група ривалски навивачи во кафуле пред натпреварот. Во судирите имаше и повредени, а најлошо помина еден од навивачите од Мадрид кој со повреди на главата е пренесен во болница.
Во близина на стадионот „Сан Мамес“ дошло и до конфликт меѓу локалните навивачи и полицијата, а автобус со играчи на Атлетико бил нападнат додека возел кон стадионот. Некои од хулиганите пред натпреварот дури фрлаа и факели и разни предмети кон вратите на стадионот.
„Има луѓе кои не почитуваат ништо. Ние сме против секаков вид насилство, но морам да нагласам дека неприфатливите ставови доаѓаат само од малцинството“, изјави претседателот на Атлетик Билбао, Јон Уриарте.
Билбао победи со 3:0, а Баскијците славеа на првата средба во Мадрид со 1:0, се пласираа во финалето на Купот, во кое ќе играат против Мајорка, која претходно ја исфрли на стадионот Ла Картуха во Севиља, на 6 април Реал Сосиедад.
Жешко беше и во Лисабон во пресрет на првата средба од полуфиналето на Купот меѓу градските ривали Спортинг и Бенфика. Пред стадионот Хозе Алваладе дошло до судир меѓу навивачки групи. Ситуацијата била смирена со интервенција на полицијата, а според португалските медиуми некои се повредени и приведени.
Спортинг победи со 2:1, а реваншот е на 3 април на стадионот Луж.