More

    Ханс-Георг Масен е под истрага од неговите поранешни колеги за наводна вмешаност во екстремно десничарскиот заговор за убиство на канцеларот Олаф Шолц

    spot_img

    Поранешниот шеф на германската внатрешна разузнавачка служба БФВ, Ханс-Георг Масен е под истрага од неговите поранешни колеги за наводна вмешаност во екстремно десничарскиот заговор за убиство на канцеларот Олаф Шолц, објави Билд.

    Германскиот весник наведува дека БФВ побарала информации за Масен од германската федерална полиција во рамките на истрагата за случајот на ултрадесничарската организација „Граѓаните на Рајхот“.

    Се истражува дали поранешниот шеф на разузнавањето бил во врска со еден од сведоците во случајот што минатата година ја разбранува јавноста кога група екстремни десничарски активисти беа уапсени по серијата рации низ Германија.

    Уапсените складирале оружје и целта им била да упаднат во Бундестагот, зградата на парламентот, како и да го убијат канцеларот Шолц.

    Групата беше предводена од Хајнрих XIII, принцот од Ројс, кој требаше да го преземе раководството на Германија во случај пучот да успее.

    „Граѓаните на Рајхот“ се екстремно десничарска група која смета дека Германија го загубила својот суверенитет по Втората светска војна и не ја признава актуелната влада во Берлин.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img