Хана Хуљиќ и Петар Грашо синоќа се појавија заедно на доделувањето на MAC наградите во Белград. Сопружниците заедно им позираа на фотографите и беа одлично расположени. За доделувањето на наградите Хана носеше долг црн фустан со интересни детали, додека Грашо позираше во црно палто.
Но, и нивната неколкумесечена ќерка Алба допатувала во Белград, за да го поддржи својот татко за време на неговиот настап во Штарк Арена, каде што е номиниран за наградата MAC.
– Ова не е моја прва номинација. Мислам дека веќе имам две награди MAC дома. Исклучително сум среќен поради тоа, бидејќи ова е исклучително добра и исклучително голема регионална награда. Работам напорно, па среќен сум кога мојата музика ќе допре до публиката. Работата е сознанието дека сте на вистинскиот пат – рече Грашо и додаде дека со него е Хана, која секогаш му е ветар на грб.
– Хана е тука како ќерка на водителот и како сопруга на Петар – се пошегува Грашо, со оглед на тоа што еден од водителите на манифестацијата MAC е Тончи Хуљиќ, па продолжи:
– А, најмногу е тука како мајка на нашата ќеркичка, од која ми е тешко да се разделувам, па максимално ги фаќаме тие моменти заедно. Така што, малечката веќе беше во три-четири земји, патува и тоа многу го сака. Најважно е што сме заедно – рекол Грашо.
ФОТО: Инстаграм