Хана Хуљиќ и Петар Грашо вчера го изговорија судбоносното „да“ во црквата Свети Доминик во Сплит.
Младенците се фотографирале, а потоа се упатиле кон црквата каде пред Господ и сведоците се заколнале на вечна љубов. Хана блескала во цветната венчаница.
Имено, тие двајца биле „уловени“ на терасата од ресторанот, а цело време биле одлично расположени и насмеани. Грашо постојано ја бакнувал својата избраничка Хана.
Хана особено блескала во белата елегантна, цветна венчаница на дизајнерот од Сплит, а брановите во косата го комплетирале романтичниот изглед на невестата.
Инаку, како што пишува хрватска „Глорија“, Грашо немал само еден кум, туку двајца. Покрај кошаркарската легенда Дино Раѓа (54), кум бил и познатиот словенечки готвач Томаж Кавчиќ.
Хана изгледала бајковито, во едноставна, но ефектна венчаница, а избрала и едноставна шминка и фризура. Грашо одбрал елегантен син костум со бела кошула.
„Ви благодарам на сите“, изјавил насмеаниот Грашо, држејќи ја Хана за раката додека излледувале од црквата.
ФОТО: Инстаграм