Хана Хуљиќ Грашо (33) деновиве се дружи со другарките на Корчула.
Пејачката Доменика Жувела објави фотографија од дружењето со Хана. Со нив двете на фотографијата се и Андреа Андраси и кучето на Доменика, Зара.
„Ние петмина“, напишала Доменика покрај фотографијата на која се гледа пораснатиот труднички стомак на Хана.
Доменикаа, инаку, е кума на Хана. Во една прилика таа откри колку биле блиски.
„Се дружиме секој ден, се слушаме и неколкупати на ден. Ја сметам Хана за сестра и со неа преживувам сè. Се радувам на новото поглавје во нашето пријателство”, изјави пејачката за „Стори“ по раѓањето на малата Алба во 2022 година, инаку ќерка на Хана и Петар Грашо.
Петар и Хана во април годинава открија дека го чекаат своето второ дете. Петар подоцна изјави дека по ќерката Алба, сега ќе добијат син.
Тие веќе имаат име за нивниот син.
– Имаме име, но ќе го задржиме за себе. Иако сè дознавате, па ќе го дознаете и тоа – изјави неодамна Хана за „Ин магазин“.
– Петар и јас ја живееме нашата љубов во нашите четири ѕидови – рекла Хана за „24часа.хр“.