Хамнеи: Соседната земја имаше значајна улога во планирањето на кризата во Сирија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Iranian Supreme Leader Ayatollah Ali Khamenei speaks during a meeting in Tehran, Iran, October 27, 2024. (West Asia News Agency)/Handout via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS PICTURE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY./File Photo

Врховниот лидер на Исламската Република Иран, Али Хамнеи изјави дека кризата во Сирија е резултат на планот смислен во „американско-израелскиот оперативен центар“, пренесе иранската новинска агенција Тасним.

„Нема сомнеж дека настаните во Сирија беа планирани во американско-израелскиот оперативен центар“, рече Хамнеи, нагласувајќи дека соседната земја исто така одигра значајна и континуирана улога во овие настани.

Исто така, како што е соопштено, владата на Австрија започнала со подготовки за програма за депортирање бегалци од Сирија.

„Австриската влада објави почеток на подготовките за програмата за депортирање сириски бегалци, откако донесе одлука да престане да прифаќа нови барања за азил од Сиријци. Овој потег доаѓа поради тврдењата дека милиони бегалци сега можат да се вратат дома по падот на владата на Башар ал Асад“, пишува порталот Middle Eye East.

Австриското Министерство за внатрешни работи потврди дека почнало повторно да ги испитува случаите на околу 40.000 Сиријци кои добиле заштитен статус во земјата во последните пет години.

Герхард Карнер, австриски министер за внатрешни работи, ги објасни целите на оваа програма.

„Го задолжив МВР да подготви програма за репатријација и депортација за да се погрижи овој процес да се одвива на уреден начин и да се постават приоритети. Токму тоа е потребно сега“, изјави Карнер.

Share This Article