Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон го објасни повикот да се откаже предвреме на трката за Големата награда на Шпанија возема изминатиот викенд. Седумкратниот шампион во Формула 1 беше блиску до завршување на трката кога падна на 19. место по сударот со возачот на Хас, Кевин Магнусен.
Поради принудниот пит-стоп, Хамилтон заостануваше околу 50 секунди од водечките.
Мерцедес го убеди својот пилот да не се откажува, па тој продолжи и на крајот заврши на петтата позиција.
– Тоа не беше дефетизам. Јас изгубив буквално 30 секунди и бев загрижен за можноста да останам без бодови, а во исто време да го искористам ресурсот на моторот, што може да доведе до казни во текот на сезоната. Од последната трка од минатата сезона, беше тешко во секој поглед. Потоа следуваа проблеми со болидот, немав многу среќа. Но, ние се обидуваме да се вратиме на врвот. Продолжуваме да работиме и не се откажуваме. Трката ја започнав со позитивен став, потоа имаше проблем, но ги надминав предизвиците. Се чувствувам како во старите денови, како некои од трките во минатото. Неверојатно чувство, изјави Хамилтон.
Во Генералниот поредок во Ф1 шампионатот, Хамилтон е на 6.место со 46 бодови, далеку зад водечките Макс Верстапен кој има 110 и Шарл Леклер со 104.