Хамас вели дека Бајден наседнал на приказните на Израел

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската војска назначи околу 2.000 војници да се подготват за потенцијално распоредување за поддршка на Израел, пишува Фокс њуз. Војниците, кои нема да вклучуваат пешадија, ќе имаат задача да советуваат и обезбедуваат медицинска помош, изјави официјален претставник на американското Министерство за одбрана. Тој рече дека војниците доаѓаат од сите американски единици и не треба да учествуваат во борбите. Се работи за единица маринци кои ги доближуваат своите позиции до Израел преку Црвеното Море.

Подготовката за распоредување не мора да значи дека војската ќе биде испратена, тоа само го скратува времето за да бидат подготвени војниците, доколку е потребно, да се движат и да се распоредат во рок од 24 часа од зададената наредба.  Нејасно е дали крајната дестинација на групата е Црвеното Море или таа ќе се приклучи на ударната група носачи УСС Форд во источниот Медитеран.

Одлуката на Пентагон укажува дека се подготвува да ја поддржи израелската армија во случај Израел одлучи да започне копнена офанзива на Газа, посочува „Волстрит џурнал“. Исто така, не е познато колку војници, доколку бидат распоредени, би влегле во Израел, но официјални лица велат дека барем некои од нив би можеле да влезат во земјата и да ги поддржат израелските сили.

Во меѓувреме, Хамас побара ослободување на 6.000 мажи и жени затворени во израелските затвори во замена за заложниците што ги зеде за време на своите напади. Агенцијата Ројтерс го цитираше Калед Мешал, првиот човек на канцеларијата за дијаспора на Хамас, кој го поставил ова барање. Меѓу заробениците на групата, вели тој, се и високи офицери на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, денеска изјави дека американскиот претседател Џо Бајден наседнал на наративот на Израел и дека САД се виновниците во војната против народот на Палестина. Тој додаде дека односот на САД кон палестинскиот народ е „агресивен“ и дека најавената посета на Бајден на Израел има за цел да обезбеди финансиска и морална поддршка на Израел, како и да го охрабри „да изврши повеќе масакри врз Палестинците“, пренесува Си-Ен-Ен.

Бајден утре ќе остане во Израел неколку часа, а потоа ќе се упати во главниот град на Јордан, Аман. Таму, на конференција заедно со претседателот на палестинската управа и со претседателот на Египет ќе бараат начини како да се обноват испораките на хуманитарна помош за Палестинците.

Share This Article