Хамас објави видео на кое се гледа како три жени ја држат заробена и бараат размена на затвореници од Израел, пренесува Ал Џезира.
Во снимката од 76 секунди, една од жените ја критикува израелската влада на хебрејски дека не ги заштитила луѓето за време на нападот на Хамас на 7 октомври и го повикува Израел да изврши размена на затвореници.
Израел тврди дека најмалку 239 луѓе се заробени во Газа.
Во видеото жената директно му се обрати на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Според Ал Џезира, не е јасно дали жената го кажала ова доброволно или била принудена да го каже.
„Ние ја носиме одговорноста за вашиот политички, безбедносен и воен неуспех на 7 октомври. Немаше војска, никој не пристигна. Никој не не заштити. Ние сме невини граѓани кои плаќаме даноци на Израел, во заробеништво сме во лоша состојба. Вие не убивате. Сакаш да не убиеш? Зарем не е доволно што ги убивте сите? Зарем не е доволно бројот на убиени израелски граѓани?“, вели жената на видеото.
„Ослободете не сега. Ослободете ги нивните граѓани, ослободете ги нивните затвореници, ослободете не сите нас. Да се вратиме кај нашите семејства“, рече таа.
Во меѓувреме се огласи и канцеларијата на Нетанјаху.
„Ова е сурова психолошка пропаганда на Хамас-ИСИЛ“, изјавија тие.
Ќе направиме се сите киднапирани и исчезнати да ги вратиме дома“, се вели во соопштението.