Семејството Снајдер живее во Холон, град јужно од Тел Авив. Тие не можат да стапат во контакт со своето семејство во јужен Израел од нападот во саботата. Имено, Хамас ја киднапирал нивната братучетка и нејзините две мали деца.
„Во саботата наутро се разбудивме во 06:00 од звуците на воздушни напади, еден по друг. Почнав да пишувам пораки на моето семејство за да видам дали се добро. Никој не одговори“, изјави Јоси Снајдер за BBC Radio 4.
Околу четири часа подоцна, тој видел слики на интернет од неговата братучетка како ги држи нејзините две деца, едно четиригодишно и едно деветмесечно, опкружени со членови на Хамас.
Бев целосно шокиран“, рече тој и додаде дека не знае што да прави.
„Ги земаа без храна, пелени, се. Се надеваме само дека не се разделиле од нивната мајка“.
Неговиот братучед е учител во градинка.
„Таа не заслужува да помине низ ова. Таа е толку нежна, толку љубезна… Немам зборови да го опишам ова“.