More

    Хамас испука неколку ракети кон Израел

    spot_img

    Израелските безбедносни сили втора ноќ по ред се судрија со Палестинците во близина на џамијата Ал-Акса во Ерусалим. Конфликтот се случува за време на празничната сезона, претстојниот исламски Рамазан и еврејскиот празник Пасха.

    Група млади Палестинци синоќа запалиле пиротехнички средства и фрлале камења кон израелската полиција додека се обидувале да се забарикадираат во Ал-Акса, третото најсвето место на исламот во Ерусалим. Ал-Акса се наоѓа на висорамнината, која Евреите ја нарекуваат планината на храмот, најсветото место во јудаизмот.

    Полицијата соопшти дека Палестинците се обиделе да ги спречат верниците да ја напуштат џамијата. Претходната ноќ во судирите на таа локација во стариот дел на Ерусалим беа повредени неколку лица. Од нив полицијата уапси околу 350.

    Исламското екстремистичко движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, истрела неколку ракети врз Израел. Израелската армија одговори со погодување на неколку цели во крајбрежната енклава. Муслиманите доаѓаат да се молат во Ал-Акса за време на Рамазан, додека Евреите традиционално одат на аџилак во Ерусалим за Пасха. Светото место е под палестинска управа, додека Израел е одговорен за безбедноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img