Палестинската вооружена група Хамас е подготвена да ослободи 70 киднапирани жени и деца во замена за петдневен прекин на огнот и хуманитарна помош низ цела Газа. Групата ова им го кажа на посредниците од Катар кои преговараат.
Портпаролот на вооруженото крило на групата, Абу Убаида, во видеообраќање на Телеграм рече:
– Примирјето треба да вклучи целосен прекин на огнот и да дозволи помош и хуманитарна помош насекаде во Појасот Газа.
Јусеф Абу Риш, заменик-министер за здравство во Појасот Газа, управуван од Хамас, ја потврди информацијата за агенцијата AФП. Веста ја пренесоа повеќе западни медиуми.
Болниците во Северна Газа повеќе не работат поради недостиг на гориво и интензивни борби, соопшти Министерството за здравство на Хамас во опколената енклава.