More

    Хамас ги замрзна преговорите за ослободување на заложниците

    spot_img

    Хамас ги замрзна преговорите за втор договор за ослободување на дополнителните заложници во Газа, откако Израел го уби заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури во Бејрут, пишува „Jерусалим пост“, повикувајќи се на извештајот на „Ал Арабија“.

    Шефот на Хамас Исмаил Ханије рече дека атентатот е „терористички чин“, кршење на суверенитетот на Либан и продолжување на непријателството на Израел кон Палестинците.

    Пред атентатот, Израел се надеваше дека Хамас малку го омекнал својот став и дека може да се најде средина што ќе му овозможи да продолжи напред за да обезбеди ослободување на некои од 129 заложници што останаа во Газа.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се сретна со претставници на семејствата на заложниците. Во изјавата по состанокот, тој рече:

    -Напорите за договор продолжуваат. Контактите се одржуваат, тие не се прекинати. Имаше ултиматум од Хамас, сега тој е омекнат. Овие контакти сега се одржуваат.

    Убиството на Ал-Арури, исто така, го одвлече вниманието на Израел од фокусирањето на плановите за денот по елиминацијата на Хамас и, наводно, го натера американскиот државен секретар Ентони Блинкен да го одложи патувањето во Израел следната недела, заклучува „Јерусалим пост“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img