Израел издаде наредба за евакуација во Газа, но Хамас ги повика Палестинците да останат во своите домови и да се спротивстават.
Управата за бегалци на Хамас денеска ги повика жителите на северот на територијата „да останат одлучно во своите домови и да застанат цврсто пред оваа одвратна психолошка војна што ја води окупацијата“.
Израел нареди евакуација на северниот дел на Појасот Газа, вклучувајќи го и градот Газа, дом на стотици илјади луѓе. Палестинците можат да заминат само на југ во Газа бидејќи Израел целосно ја затвори територијата.
ОН соопштија дека 400.000 Палестинци веќе се раселени. Од почетокот на конфликтот во саботата наутро, во Газа се убиени 1.537 Палестинци , а уште 6.612 се ранети во израелските воздушни напади.
Израелските одбранбени сили соопштија дека убиле околу 1.500 палестински терористи на израелска територија.