Министерството за здравство на Хамас утринава соопшти дека бројот на загинати во Појасот Газа се искачи на „повеќе од 30.000“ од почетокот на конфликтот со Израел на 7 октомври.
„Бројот на убиените се искачи на повеќе од 30.000“, се вели во соопштението на Министерството за здравство на палестинското движење Хамас.
Се додава дека синоќа во нападите на израелските сили загинале 79 лица.